Шведска се покажа како пресилна за Македнија во првото коло на Мундијалот во Египет, запишаа победа со 32-20, на полувреме најавија дека победата на „трите круни“ нема да биде доведена во прашање со 5 разлика (16-11).

Младиот тим на Македонија не се снајде против фаворитот, многу осцилации, грешки и падови во играта, имавме свои моменти, но сето тоа недоволно за изненадување против објективно подобрата Шведска која едноставно не разнесе.

„Трите круни“ имаа најголема предност од 10 гола разлика од 42 минута, за прв пат, резултатот тогаш беше 24-14, одржуваа резултатска разлика со разликата во квалитет на теренот, во 59 минута водеа и со 32-20, што беше конечен резултат со највисоки 12 разлика.

Македонија не се снајде против добрата одбрана на Шведска, за тоа говори и малиот број на постигнати голови на нашиот национален тим, вкупно само 20.

Најефикасен во составот на Македонија беше, Лазаров со 5 во нашиот состав. Следно за Македонија е дуелот со Парондо  и Египет во сабота.