Европскиот шампион Вардар со победа 33-31 ја започна одбраната на титулата во Лигата на шампионите кај Монпелје во Франција.

Вардар губеше по првото полувреме со 17-16, во првите 30 минути се играше изамнето и со резултатски пресврти но на крајот „црвено-црните“ имаа негатива од еден гол.

Вардар во првиот дел имаше предност од 12-10 но  не успеа да ја задржи. Во втрото полувреме повторно ист развој на настаните, Вардар на средбината од второто полувреме имаше повторно позитива од два гола, 25-23 по пеналот на Иван Чупиќ.

Се играше израмнето до финишот но потоа Вардар искористи неколку грешки на противникот и стигна до победа со два разлика, блескаше Скубе кој со серија голови во финишот  му донесе на Европскиот првак победа.

Скубе мечот го заврши со 8 голови и беше најефикасен кај Вардар, Дибиров постигна 6 голови.