Осумгодушното момче Вито е голем обожавател на ракометната репрезентација на Словенија и го сака ракометот.

Момчето било подготвено да ја бодри неговата омилена селекција на Европското првенство, но поради здравствени проблеми односно проблеми со работата на срцето, не успеало да се најде на трибините.

Ракометарите на Словенија дознаа за малиот Вито и одлучија да му испратат видео порака со која ќе го поздрават и ќе му пружат поддршка.

Неговата реакција погледнете ја во видеото во продолжение.