Битолски Еурофарм Работник вечерва одигра нерешено (24:24) против екипата на Луцерн на првиот меч на престижниот ТВ турнирот во Добој.

Екипата од Битола првото полувреме го заврши со еден поен негатива (13:14), но оваа ситуација се смени по вторите 30 минути од натпреварот во кои како подобри се покажаа битолчаните (11:10).

Утре Еурофарм Работник ќе игра против Слога Добој, а во петок противник на тимот од Битола е екипата на Пекинг Спорт од Кина, в сабота се мечевите за пласман и финалето.