Средниот бек на Вардар, Сташ Скубе, сосема заслужено е избран во идеалниот тим на 12. коло на Лигата на шампионите.

Вардар барем за момент ја надмина кризата и извојува убедлива победа против украинскиот шампион Мотор Запорожје, а во таа победа европскиот шампион го предводел токму Сташ Скубе, кој средбата ја заврши со 8 гола.

Идеалниот тим можете да го видете ОВДЕ.

Во идеалниот тим се најдоа:

Лево крило: Уго Деска од Монпелје

Лев бек: Жоан Канелјас од ПИК Сегед

Среден бек: Сташ Скубе од Вардар

Десен бек: Алекс Душебаев од Киелце

Десно крило: Мариус Штајнхаузер од Фленсбург

Пикер: Хенрик Пекелер од Кил

Голман: Андреас Вулф од Киелце