Германскиот ракометен репрезентативец Стефан Вајнхолд го продолжи договорот со екипата на Кил. Искусниот десен бек потпиша договор со најтрофејниот германски ракометен колектив до 2022 година.

„Имав одлични пет години тука, па поради тоа беше многу лесно да ја донесам оваа одлука. Кил е моја фамилија и сакам така да останам уште долго време“ изјави Вајнхолд за клупскиот сајт на Кил.