Каталонскиот ракометен гигант Барселона, објави дека средниот бек Хрватот Лука Циндриќ ќе мора да замине на операција за да ја реши дислокацијата на левото рамо, повреда којашто ја здоби во 12. минута од натпреварот против Фленсбург во Лигата на шампионите.

Објавено е и видео од мометот кога екс вардарецот Циндриќ се здоби со оваа страотна повреда, се предвидува дека ќе паузира околу 2 месеци.