Македонскиот репрезентативец и ракометар на Вардар, Филип Талески вчера го собра гневот кај навивачите на „црвено-црните“, бидејќи  левиот бек објави видео на кое ја пееше навивачката химна на градскиот ривал Металург.

Денеска пак се појави ново видео од истата прослава, во која Талески заедно со екс-соиграчите од Металург, Пешевски, Кузмановски и Томовски, ја пее песната „Ој Вардаре македонски“.