Вардар со победа се враќа од Хрватска, го победи  Нексе со 31-30, европскиот и македонски шампион одигра под своето ниво, но запиша победа која му ветува пласман на Ф4 во СЕХА.

Нексе водеше  постојано и речиси во текот на целиот натпревар, Вардар во финишот стигна до предност, искуството пресуди, победата е заслужена и најавува сигурен пласман на завршниот турнир во Задар.

Тимур Дибиров  перфектен, 12 обиди и исто толку голови, Скубе постигна 6, по четири пати во листата на стрелците се запишаа Горбок и Шишкарев.

Реваншот во Скопје се игра на 15 март со почеток во 20-15 часот.