Екипата на Тинекс Пролет успеа да го совлада тимот на Бутел Скопје и тоа на негов терен, со што се реваншираше за поразот во првиот дел на првенството.

Првиот дел мина во рамноправна игра, со мал број на постигнати голови. Домашниот тим имаше минимална предност во поголемиот дел од првото полувреме, но Пролет е екипата која со резултатски пресврт на одмор замина со минимални +1, 10.11.

Вториот дел почна со серија на Пролет од 3:0, за веќе осетни +4, 10:14. Подоцна гостите ја забележаа и својата највисока предност, 15:21. Се што успеа да стори Бутел Скопје е делумно да на намали негативата до конечни, 19:22.

Кај победникот вообичајно најдобар беше Андоновски, кој постигна 7 гола, а репрезентативецот Мартин Поповски додаде 6 гола. Одличен на голот беше ветеранот Петар Ангелов. Кај Бутел Скопје се истакна Мајиќ, со 7 гола.

Со оваа победа Тинекс Пролет со голема сигурност ќе заврши на третото место, зад Металург и Охрид.