Македонскиот репрезентативен голман, Мартин Томовски имаше успешни три натпревари досега на СП во Египет.

Томовски кој е замена за Никола Митревски, е во ТОП 3 сегментот меѓу голманите по бројот на одбранети пенали на Мундијалот.

Тој досега одбрани четири од осум пенали со што се најде на третото место зад Гонзалез од Уригвај кој одбрани шест и Белорусинот Мороз со пет одбраните седмерци.

На листата на стрелци, најефикасен досега е Сагосен со 30 голови, Парцо има 25 на втората позиција додека од Кире Лазаров е на 21 место со 16 постигнати голови досега.

Македонија денеска ќе игра против Словенија во првото коло од главната групна фаза.