Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров со гол во последната секунда го сруши Шамбери 29-28 и донесе победа на својот Нант.

Лазаров натпреварот го заврши со шест голови, беше еден од најдобрите поединци на мечот и тоа е добра најава пред настапот на Македонија на ЕП во Австрија на почетокот од јануари.