Голманот на Рк Металург, Даниел Дупјачанец во поразот од 45:30 од Фиверс запиша 14 одбрани од кои една се најде во изборот на ЕХФ во топ-5 интеревенции на колото во Европската лига.

Металург има седум порази во Европската лига и е на последното место на табелата со само еден освоен бод досега, во следното коло во Скопје гостува Адемар Леон.