Ракоеметарите на Вардар стигнаа до 5 овосезонска победа во Лигата на шампиони, откако славеа над Мотор Запорожје со убедливи 38-28.

Европскиот првак и покрај проблемите успеа да се отргне и да одигра во вистинско светло. Од самиот старт ракометарите на тренерот Стевче Алушовски ја контрлираа играта и резултатот и од минута во минута ја зголемуваа предноста, која на полувреме изнесуваше пет погодоци.

Во вториот дел Вардар го задржа темпото кое гостите не успеаа да го испратат, славеа со убедливи 10 погодоци позитива и ја покажаа разликата во класи.