Одличното прво полувреме се покажа како недоволно за Вардар 1961 да ја прекине низата порази од Кил. Бундеслигашот вечерва во „Јане Сандански“ славеше со 29:26 во 6 коло од групата Б во Лигата на шампионите.

Вардарци во првиот дел имаа 13:10, пред се благодарение на одличните Дибиров и неговите 7 голови како и на Томовски и неговите 12 одбрани.

Во вториот дел црвено-црните се обидуваа да бидат во предност до израмнивање на 18:18, по ова Кил дојде во неколку наврати на плус три а два пати водеше и со четири разлика.

Дибиров со десет гола беше најефикасен за Вардар, Дувњак на спротивната страна се издвои седум голови.

Во следното коло Вардар ќе гостува кај Сегед а Кил го дочекува Алборг.