Вардар продолжува да го комплетира ростерот за сезоната 2020/21, а денеска последно звучно засилување за „црвено-црниот“ табор беше македонскиот репрезентативец Филип Талески.

Алушовски полека но сигурно го склопува мозаикот, а една од позициите кои следни треба да се пополнат е позицијата среден бек. Прв фаворит за оваа позиција е Гаспер Храстник, кој настапува за ППД Загреб, а македонскиот и СЕХА-шампион преговара со хрватскиот гигант за позајмица или целосен откуп на договорот.

Гаспер Храстник е роден во Крањ, а во кариерата ги носеше дресовите на Копер Марибор, ЦСМ Букурешт, додека минатата сезона потпиша со  ППД Загреб.