Ракометарите на Вардар одиграа 28-28 против Киелц во рамки на 7.коло од Лигата на шампиони. Херој на мечот беше Гебдан кој во последните секунди од мечот го одбрани ударот на Јанц и им даде можност на своите соиграчи да стигнат до победа, но Скубе не успеа својот удар да го претвори во гол.

Вардарци одлично го започнаа мечот и уште на стартот имаа резултатска предност, а во еден момент изнесуваше 5.голови разлика. Сепак, искусните полјаци полека, но сигурно фаќаа резултатски приклучок и во еден момент израмнија, но Вардар на полувреме сепак замина со минимална предност од 17-16.

Европскиот првак одлично го започна и вториот дел и веднаш поведе со 3 гола разлика, но Киелце ја чекаше својата шанса и преку брзи контра напади ги користеше сите грешки на Вардар. Последната четвртина од мечот им припадна на полскиот гигант, кој ја искористи кратката клупа на Вардар кои за напомена настапија без Криштопанс и Горбок. Вардарци повторно покажаа дека се екипа со силен менталитет и покрај сите проблеми се изборија за реми.

Вардар по ова реми се наоѓа на втората позиција со 9 освоени бода, зад Кил кој е лидер со 11.