Вардар ја запиша првата победа во Лигата на шампионите, совладан Мешков Брест со 35-27, на полувреме црвено-црните водеа со 19-13.

Блесна Кевин Њокас кој запиша 8 гола, од исто толку обиди, беше најдобар на паркетот во СЦ „Јане Сандански“, едноставно непогрешлив.

По мечот, некако традиционално Кимоти и овој „нов“ Вардар ја прославија победата во препознатлив стил.