Вардар со минимални 27-26 го победи Нексе во СЕХА лигата, во последните пет минути од средбата беа постигнати само два гола, македонскиот шампион стигна до важна победа.

Со оваа победа Вардар го започнува пеколниот период во месец февруари во кој ќе одигра вкупно девет меча.

Вардар одлично го започна натпреварот со 4-0 по шест минути игра, гостите се консолидираа, дојдоа на минус еден гол, па до крајот на полувремето беа во негатива од три гола (15-12).

Во второто полувреме Нексе одигра подобро, во 43 минута дојдоа до израмнување 23-23, но до крајот на мечот Вардар успеа да одржи предност која на крајот изнесуваше минимални 27-26.

Најефикасни во составот на Вардар беа Чупиќ и Талески кои постигнаа по 6 гола.