Киелце го совлада Вардар во Скопје, резултатот  29-33 е реална слика на развојот на настаните на теренот, македонскиот шампион одигра  со многу осцилации во СЦ „Јане Сандански“.

Голманот на Килеце, Андреас Волф запиша 14 одбрани, Алекс Душебаев постигна 10 гола од единаесет штута, едноставно Вардар немаше решение за овие двајца.

Вардар добро го започна мечот, поведе со 5-1, имаше предност до средината на првиот дел, Киелце ја превзеде инцијативата, поведе и предноста ја одржуваше до крајот на мечот.

Во составот на Вардар се истакна Ловро Јотиќ со 6 гола од 9 шута, Чупиќ и Дибиров запишаа по  пет гола од шест шута.