Киелце го победи Вардар си убедлив резултат, пораз на македонскиот шампион 36-29 во Полска, ова е реален епилог на настаните на оваа средба.
Вардар беше немоќен да се спротистави на Киелце, домашниот тим диктираше темпо и игра, го контролираше резултатот и заслужено запиша победа.
Македонскиот првак одигра лошо во одбраната, Киелце тоа го искористи и му го нанесе третиот пораз на Вардар сезонава во Лигата на шампионите.
Најефикасни кај Вардар беа Дибиров со седум гола додека Јотиќ постигна шест.
Comments are closed for this post.