Ракометарите на Вардар загубија на гостувањето во Португалија кај Порто со 30-22 во рамки на 13.коло од Лигата на шампиони.

„Црвено-црните“ одлично го започнаа мечот и по само пет минути игра имаа предност од 4-1, но домаќините брзо се вратија во мечот. По изедначувањето, Порто го превзеде водството, а тоа до крајот на првиот дел изнесуваше гол до два предност.

Португалците мечот го решија на стартот од вториот дел кога по серија од 5-1 направија предност, која до крајот на мечот ниту во еден момент не ја доведоја до прашање.

Последниот меч Вардар од групната фаза го игра следниот викенд во Скопје против Монпелје.