Ракометарите на Вардар го претрпеа шестиот пораз во низа во Лигата на шампионите во групата А откако вечерва загубија кај Кил со 32:30.

Во натпревар на кој домаќинот диктираше игра во провото полувреме, радува желбата кај вардарци во вториот дел во кој за момент дојдоа до два разлика, но Кил не дозволи изненадување.

Сагосен со осум голови беше најдобар кај Кил, за Вардар се издвоија Кудиз со девет голови и Тото со шест.

Во следното коло Вардар ќе му гостува на Загреб.