Вардар вечерва го пречекува Порто, во гостинскиот тим блеска македонскиот репрезентативец Никола Митревски кој брани одлично.

Тимур Дибиров очекува тежок натпревар, нема лесни противници во елитата на ЕХФ.

Против Порто треба да ја потврдиме нашата идеја, победа на домашен терен, иако Порто е многу квалитетен противник. Знаеме дека ќе биде тешко, нема лесни противници но играме дома и мора да победиме.“ – изјави Дибиров.

Вардар во Скопје го има победено Порто, тоа се случи во септември минатата година кога црвено-црните запишаа победа со 32-27.

Средбата вечерва започнува од 20-45 часот во СЦ  „Јане Сандански“ без публика.