Ракометарите на Вардар заминаа за Требиње каде во следните 10 дена ќе ги одработат главните подготовки пред настапот на Супер Глоб турнирот. Европскиот првак на пријателскиот турнир во Република Српска ќе игра против Борац од Бања Лука и со Леотар.

На овие подготовките ќе се приклучи и голманот Калифа Гедбан а шанса крај стативите од Писонеро ќе добие и младиот Васил Гогов.