Полска загуби од Шпанија во групната фаза на СП во Египет а на прес-конференцијата по натпреварот, организаторот на настанот не знаеше за кој натпревар се одржува обраќањето за медиумите.

„Ова е прес-конференција за натпреварот меѓу Полска и … Со кого игравте? Мхм, да, против Шпанија.“– рече водителот на пресот.