Раководството на СЕХА лигата објави дека хрватскиот град Задар ќе биде третиот град домаќин на оваа земја која ќе ја има честа да го организира Ф4 турнирот на ова регионално натпреварување во ракомет.

„Со задоволство можеме да потврдиме дека Задар е домаќинот на деветтото издание на завршниот турнир во СЕХА лигата. По Загреб во 2012 и Вараждин во 2016 година добивме трет хрватски град кој ќе може да се пофали со најдобрите ракометари во регионот“- се вели во соопштението на СЕХА.

Завршниот турнир во Задар ќе се одржи 3 до 5 април, а титулата ја брани Вардар, кој за место меѓу четирите најдобри ќе се соочи со Некше Нашице, тим кој го елиминираше Еурофарм Пелистер во осминафиналето.