Мотор Запорожје и Војводина го одиграа последниот натпревар во групната фаза на СЕХА-лигата.

Средбата заврши со убедлива победа на украинскиот шампион, 37:28 (18:15).

Директен пласман во четврт-финалето обезбедија Вардар, Веспрем, Мотор Запорожле и ППД Загреб.

Останатите осум екипи ќе мораат да ја минат осминафиналната фаза, каде ќе се сретнат следните двојки:

Пекинг Универзитет – Мешков Брес

Спартак Москва – Татран Прешов

Металопластика – Војводина

Нексе – Еурофарм Работник


Во четврт-финалето ќе се сретнат:

Нексе/Еурофарм Работник – Вардар

Металопластика/Војводина – Веспрем

Пекинг Универзитет/Мешков Брест – Мотор Запорожје

Спартак Москва/Татран Прешов – ППД Загреб