Позитивни впечатоци во себе ќе носат сите учесници на овогодишениот летен камп на ракометниот клуб Алушовски. Седум дена траеше спортското дружење во Маврово. Поделени во неколку возрасни категории, стотина ракометни ентузијасти работеа со дел од нашите ракометни легенди и актуелни репрезентативци.

„Побогати за ново ракометно искуство, ги надоградивме своите спортски квалитети, ракометни вештини и тимски дух. Финалните натпревари се можност да се покаже што научивме во овие седум дена на летниот ракометен камп Маврово 2019. Довидување до Маврово 2020! “–  велат од ракометниот клуб Алушовски.