Паралелно со натпреварите од 13. коло на групната фаза во групите „А„ и „Б“, денеска се одиграа и првите плеј-оф натпревари меѓу најдобрите четири екипи од групите „Ц“ и “Д“.

Висла Плоцк го искористи домашниот терен и го совлада тимот на Бидасоа Ирун, со седум голови разлика, а добар резултат оствари и екипата на Динамо Букурешт, која во Лисабон минимално го совлада Спортинг. И двете средби се добиени поради одличните игри во првото полувреме

Резултати:

Висла Плоцк – Бидасоа Ирун  32:25 (17:11)   реванш на 28 февруари

Спортинг Лисабон – Динамо Букурешт  25:26 (9:13)    реванш на 1 март

Победниците од овие дуели ќе се пласираат во осминафиналето на Лигата на шампионите, каде ќе имаат многу тешка задача, бидејќи за противници ќе ги имаат второпласираните екипи од групите „А“ и „Б“, најверојатно ПСЖ и Веспрем.