Поранешниот голман на „златната хрватската ракометна репрезентација, Владо Шола, доаѓа во Скопје како лидер на проектот Пекинг Спорт од Кина.

Новиот СЕХА-лигаш ќе биде преводен од некогашниот репрезентативец на „каубоите“, кој вели дека е чест да се игра против европскиот првак Вардар на стартот на новата клупска ера.

„Чест е за мене што ќе имам шанса за првпат како тренер да бидам дел од СЕХА-лигата. Исто така, чест е да се игра против европскиот првак Вардар, еден од најголемите тимови во Европа. Свесни сме дека не може да очекуваме позитивен резултат на овој меч. Голема е разликата кога ќе се спореди квалитетот на двата тима. Затоа очекувам моите играчи да го дадат најдоброто од себе и да одиграат онака како што работевме на подготовките во изминатите седмици. Не сакам да се грижат за резултатот, туку да мислат на играта“, изјави Шола.

Пекинг Спорт е новајлија во СЕХА-лигата, тимот е од Кина, но стациониран е во Загреб. Дуелот меѓу Вардар и кинескиот тим се игра од 20:45 часот.