По вчерашниот тест на ковид-19, сите ракометари, членови на стручниот, административен и медицински тим на Еурофарм Пелистер е негативен на коронавирус.

Битолчани првиот натпревар  сезонава ќе го одиграат во вторник, тренерот Жељко Бабиќ е на „слатки маки“ ги има сите играчи на располагање.

В понеделник делегацијата на македонскиот претставник во Лига Европа ќе отпатува за Данска, каде во вторник од 18:45 часот ќе се сретне со ГОГ Гудме во рамките од второто коло на групата Д.

Овој натпревар ќе биде прв официјален дуел за екипата на Еурофарм Пелистер оваа сезона.