Ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе игра со Бутел во полуфиналето од завршницата од ракометниот Куп на Македонија.

Степе Мандалиќ и голманот Чаневски веруваат дека екипата е подготвена за освојување на пехарот.

„Имаме време да се подготвиме и ќе треба да ги одработиме двата натпревари доста сериозно. Благи фаворити сме против Бутел, но се стремиме кон финалето, да одиграме максимално и да го донесеме пехарот во Битола. Се надеваме дека ги научивме поуките од поразот од Вардар 1961 во шампионатот. Тоа треба да го покажеме на терен. Кога сте комплетни е многу поразлично и ротацијата е подобра. Сите ќе го дадат максимумот за титулата да дојде во нашите витрини.“ – вели Чаневски.

Хрватскиот интернационалец со сличен став

„Првиот натпревар е Бутел и се подготвуваме за тој натпревар, па потоа ќе видиме што ќе биде. Секако дека гледаме шанса во Купот, квалитетна екипа сме, добро работиме и се подготвуваме и ќе видиме што ќе донесе „фајнал-фор“ турнирот. Сите клубови имаа проблеми со ковид-19, нè стигнаа и повреди и не бевме комплетни баш кога требаше да бидеме вистински. Многу се радувам што сме комплетни и тренираме цела екипа. Добро ќе се подготвиме и ќе бидеме силен конкурент на сите ривали и во шампионатот и во Купот. Верувам дека со ангажманот и квалитетот ќе покажеме каков квалитет имаме.“ – изјави Мандалиќ.

Во второто полуфинале од Купот ќе играат Вардар 1961 и РК Металург. Полуфиналињата се играат во петок а финалето во недела.