Лино Червар по поразот од Аргентина на неговата Хрватска си поднесе оставка, медиумите веќе лицитираат со три имиња за наследник на Лино.

„Спортске Новости“ прв излезе со листа на имиња, има и двајца поранешни селектори на Македонија, станува збор за Ивица Обрван и Веселин Вујовиќ.

Покрај овие двајца, се споменуваат и имињата на Ирфан Смајлагиќ и Хрвоје Хорват, кој сега му е помошник на Червар.