Македонската ракометна интернационалка Наташа Нолевска е дел од допинг скандал во Романија. Таа се најде во големта афера која го потресе клубот Корона Брашов, откако таа заедно со уште три други колешки признале дека примале забранета интравенозна терапија на клиника во Брашов.

Ракометна Европа ја стресе овој скандал, откако три ракометарки на Корона паднале на допинг, по информациите дека биле ставени на забранета интравенозна терапија, која е на листата забранети од Светската анти-допинг агенција (ВАДА). Наводно, Нолевска, заедно со уште три ракометарки Елиза Букеши, Дариа Букур и Ана Марија Лопатару признале дека имале терапии во клиника во Брашов.

Нолевска од вчера е под суспензија, а на 4 декември таа и колешките од Корона ќе треба да дадат комплетен исказ пред АНАД.