Ракометарите на Металург го започнаа дводневното патување за Цирих Швајцарија каде ќе играат против Криенс во плејофот за пласман во групната фаџза од Лигата на Европа.

Експедицијата денеска со авион замина за Истанбул од каде утре ќе продолжи за Цирих.

„Сите корона-тестови на ракометарите, стручниот штаб и на раководството се негативни, така да тренерот Зоран Кастратови на располагање ќе ги има сите потребни играчи. Металург утре ќе стигне во Цирих, каде ќе го има и својот тренинг пред натпреварот. Самата средба со екипата на Криенс ќе се одигра во вторник, со почеток во 18.45 часот, а Металург ќе ја почне со двата гола предност стекнати од средбата во Скопје.“ – соопштија од РК Металург.