Во РК Вардар работат на креирање на нов тим, ова е ера на Михајло Михајловски по заминувањето на Сергеј Самсоненко.

Од Вардар потврдуваат дека засега се сигурни дека нов играч е Кантегрел, за останатите имиња кои се спомнуваат во медиумите не се сигурни, за некои и не се преговара.

Голманот Робин Кантегрел е веќе договорен, соработката е заклучена на една година, со можност на уште една.

Засега нема договор со Мартинс Соареш од Порто, со него се преговара, додека за десниот бек на Барселона, Јуре Доленец никогаш и не се разговарало.