Македонија и Грузија се среќаваат од 16 часот на вториот пријателски натпревар во рамки на ЕХФ неделата што е вкупно четврти меч за нашата репрезентација.

Македонија нема пораз на претходните три пријателски средби, вчера игравме со подмладен тим, капитенот Кирил Лазаров не доби минутажа но ке ја има денеска со сигурност.

Селекторот Данило Брестовац се реши на овие средби со Турција, Италија и Грузија, да им даде шанса на младите кои одлично ја искористија можноста.

Извесно е дека и попладнево повторно ќе добијат можност младите играчи на натпреварот од кој очекуваме нова победа.

Средбата во СЦ „Борис Трајковски“ започнува од 16 часот, влезот е слободе, пренос од натпреварот нема да има.