Вториот тим на Еурофарм го совлада денеска домаќинот на традиционалниот ракометен турнир во Струга со 23-21 во воведниот натпревар од последниот ден.

Со тоа, битолчани стигнаа до првата победа и го завршија настапот како седмопласирани, домаќинот Струга со скор од четири порази  го заврши турнирот последно пласиран.

Мечот беше одигран на затворено, во салата „Нико Нестор“ поради најавите за дожд.

Фото:  РК Еурофарм