Најефикасниот во редовите на Вардар во ремито против Порто Марко Вујин е оптимист дека Вардар може до победа на претстојниот меч во Париз против ПСЖ во рамки на  ракометната Лига на шампионите.

Заминуваме во Париз со наши амбиции и се надеваме дека ќе се вратиме со полн плен“, изјави Вујин,

ПСЖ загуби на три од последните четири натпрвари, тие то сигурно тоа не го очекуваа, згора на тоа имаат повредени играчи и се под притисок“, истакна Вујин.

Тој е оптимист дека црвено – црните ќе бидат на посакуваното ниво и ќе ја запишат втората победа во четвртиот меч во групата.

Очекувам голема борба, одиме на победа како на секој меч. Вардар мора да оди на секој меч на победа. Мислам дека сме подготвени за тоа“, нагласи Вујин.