Македонскиот ракометен првак, Вардар во пресрет на дуелот со ПИК Сегед се соочува со низа проблеми околу повредени играчи, но покрај ова на денешната прес конфенреција, предводникот на црвено-црните, Вујовиќ посочи дека и плановите за развој на клубот не течат според предвиденото.

„Јас имам договори и планови со Михајло. Првата година од проектот се потпишуваа договори на една година, бидејќи сега започнавме. Имаме листа на желби и играчи, веќе сме во контакт со некои од нив. Ако сè биде како што треба, ние на стартот на новата година ќе ги кажеме желбите. Михајловски сметаше дека ќе добие помош од компаниите во Македонија, тој не може сам. Ако нема таква помош, сè ова ќе падне во вода без оглед на игрите.“ – вели Вујовиќ.

Вардар во четврток во СЦ Јане Сандански го дочекува ПИК Сегед во натпревар од Лигата на шампионите, со амбиција за победа и излез од кризата.