Ракометарите на Вардар 1961 утревечер му гостуваат на ППД Загреб во реваншот од четвртфиналето од СЕФА лигата.

Предводникот на црвено-црните, Веселин Вујовиќ очекува неизвесен натпревар на кој резултатот од првиот меч на кој победија со 24:20 во Скопје, не смее да биде во прв план.

„Не очекува тежок натпревар. Ќе мораме да одиграме многу добро, Ако одиме да бранме 4 гола, нема да поминеме. Па и ако не играме добро, можеби ќе загубиме со 1, Ако калкулираме со времето и семафорот нема да минеме. Во СЕХА лигата сите имаат шанса да стигнат до Ф4. Сакам Вардар да остане како единствен тим кој настапил на сите Ф4 турнири. Покажавме дека играме одличен ракомет со многу контакти. Многу фактори ќе решаваат. Шансите се на наша страна, мислам дека ќе постигнеме повеќе од 21 гол, што би значело дека Загреб ќе мора да победи со најмалку пет гола. Мислам дека е во наша корист што ќе има навивачи на трибините.“ – изјави Веселин Вујовиќ.