Вардар го запиша третиот пораз во низа во Лигата на шампионите откако загуби на домашен терен од Кил со 26:29 во шестото коло од групата Б.

Тренерот Веселин Вујовиќ изјави дека некои играчи ќе мора да си заминат на полусезоната.

„Некои играчи треба добро да размислат дали ќе останат во Вардар по првата половина на сезоната, очекувам многу повеќе од нив.“ – изјави Вујовиќ.