Вардар го претрпе третиот пораз во низа во Лигата на шампионите откако загуби на домашен терен од Кил со 26:29 во шестото коло од групата Б.

Предводникот на Вардарци, Веселин Вујовиќ по мечот беше далеку од задоволен .

„Ние се надеваме дека ќе победиме, затоа што гостите беа без неколкумина првотимци. Имавме водство благодарение на Томовски, нападот се мачеше. Направивме многу грешки и примивме 19 голови за едно полувреме. Некои играчи треба добро да размислат дали ќе останат во Вардар по првата половина на сезоната, очекувам многу повеќе од нив.“ – изјави Вујовиќ.