Вардар поразен се враќа од гостувањето во Данска, Алборг запиша победа со 33-29, и се реваншира за поразот од Скопје.

Тренерот Веселин Вујовиќ, смета дека поразот е резултат на слабиот почеток во вториот дел.

„Слабите први десет минути од второто полувреме се причина за поразот на натпреварот, губевме и со седум гола, се обидовме да направиме нешто, но беше невозможно да се вратиме резултатски. Сега овој меч за мене е историја, најважен ми е следниот со Кил. На Алборг му посакувам многу среќа“, изјави Вујовиќ.