Миленикот на „Комитите“ и поранешен тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ за црногорските медиуми зборуваше за својата иднина, откако пред неколку дена ја раскина соработката со ППД Загреб.

Овој потег на популарниот Вујо ја пордгреа македонската јавност да верува дека ќе се врати во Скопје, на чело на европскиот ракометен првак Вардар.

„Прво сакам да кажам дека заминувањето од Загреб воопшто не е некаков трик за да го преземам Вардар. Имам семејни работи кои во следните неколку месеци мора да ги завршам. Што се однесува околу шпекулациите за враќање во Вардар, тие гласини беа активирани уште веднаш откако беше објавено враќањето на Михајловски. Не ја исклучувам можноста да се вратам во Вардар, откако ќе ги решам моите приватни проблеми“ – изјави Вујовиќ.