Вардар ја запиша првата победа во Лигата на шампионите, совладан Мешков Брест со 35-27, на полувреме црвено-црните водеа со 19-13.

Веселин Вујовиќ е среќен за победата, со Комити се е поинаку, и полесно, вели тренерот на Вардар.

„Се плашев од овој меч, знаевме каква квалитетна екипа е Мешков, која многу ја ценам. Бевме мотивирани, ни помогнаа неколку извонредни одбрани на нашиот голман Томовски, секако и атмосферата од трибините, подобро е со навивачи“ – изјави Вујовиќ.