Поразот од еден разлика од Фленсбург (25:26) ги сведе на теоретски шансите на ППД Загреб за пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите на ЕХФ.

Тренерот на Загреб, Веселин Вујовиќ по натпреварот јавно го нападна критериумот на сидиската двојка од Исланд и побара одговори од ЕХФ.

„После 40 години минати во ракометот, очигледно јас сеуште не ги знам правилата како господата од Исланд но се надевам дека некој од ЕХФ ќе знае тоа да го процени. Сакам да ми објаснат како во последните 30 секунди од натпреварот одлучија да досудат седмерец на половина тере а притоа да не го стопираат времето во последните десетина секунди. Баш дрско од нивна страна. Сакам да ми објаснат зошто го направија ова!“ – изјави Вујовиќ.