Легендарниот Весел Вујовиќ денеска официјално беше претставен пред медиумите како нов тренер  ППД Загреб. Досегашниот тренер Бранко Тамше доби отказ после лошите резултатит на стартот од сезоната.

Вујовиќ беше тренер на Загреб од 2014 до 2016, а во тој период Загреб успеа да совлада противници како Барселона и Рајн Некар.

„Не очекував да превземам некој клуб до Нова Година, но кога се јави Загеб брзо се договоривме. Тврдам дека повеќе никој нема да е фаворит кога ќе играме на домашен терен. Мислам дека имаме реални шански да ја минеме првата фаза од шампионската лига“ – изјави Вујовиќ.

Загреб оваа сезона во Лигата на шампиони загуби од ПСЖ и Алборг, а во СЕХА лигата беа поразени од Веспрем. Единствента победа ја остварија против Металопластика.