Хрватскиот гигант ППД Загреб вчера се раздели со тренерот Бранко Тамше, по лошиот старт на сезоната, а негова замена ќе биде Веселин Вујовиќ. Поранешниот тренер на Вардар се враќа на клупата на хрватскиот тим по пауза од 2 години.

Вујовиќ ќе има тешка задача да го врати ППД Загреб на победнички патеки, откако хрватската екипа загуби во првите две кола во Лигата на шампиони.

„Се враќам на клупата на ППД Загреб. Засега не можам да ви откријам ништо повеќе од тоа“, кажа Вујовиќ.

Вујо своето деби ќе го има веќе во сабота против Барселона, а го очекува и меч против Еурофарм Работник во СЕХА-лигата на петти октомври.